Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изрази сочувство и солидарност со полскиот народ по пукањето во центарот на Краков, во кое загинаа шест лица, а десетици беа повредени, јавува БТВ. Шефицата на државата испратила писмо со сочувство до полскиот претседател Карол Навроцки по повод трагедијата. Во него Јотова го оценува нападот врз мирни граѓани на централниот плоштад во Краков како чин на насилство што не може да се оправда. Таа ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати искрено сочувство до семејствата на жртвите, повредените и полскиот народ по нападот во Краков, кој во својата објава го окарактеризира како терористички чин. Во порака објавена на социјалната мрежа Икс, претседателката изрази длабока тага и жалост поради трагедијата во која, како што наведе, загинале невини луѓе, а многумина биле повредени. Во овие тешки моменти, македонскиот народ стои во ...

