По една сезона во Втората македонска фудбалска лига екипата на Преспа од Ресен експресно се враќа назад во Трета лига – Југ. Денес на стадионот „Билјанини Извори“ екипата на Преспа беше декласирана со 6:1 од Охрид, впишувајќи го 21 пораз сезонава односно петтиот во низа. Преспа е на 13. место со 12 бодови, во игра остануваат 15 бодови, а од деветтото место кое води во баражот за опстанок, „јаболкарите“ имаат 17 бодови негатива, а тоа значи и ...

Нема промени на врвот на листата на најдобри стрелци во Трета лига – Југозапад и натаму Хакан Алимовски е најдобар стрелец со 13 постигнати погодоци во дресот на Могила. На второто место е Владе Јанакиевски кој има постигнати десет погодоци за тимот на Напредок од Ношпал, а пак по девет гола имаат Фатјон Леши за Кораб и Денис Шадов за Влазними. Седум погодоци има Антонио Ќитаноски кој го носи дресот на Славеј од Мешеишта, а пак Аљтин Лога за ...