Светлосиниот дијамант „Мелон блу“ од 9,51 карат, поставен на прстен, е продаден за повеќе од 21 милион евра, на наддавање во Женева, Швајцарија, соопшти денеска американската аукциска куќа „Кристи’с“. Оваа луксузна уметност на природата со десетлетија ѝ припаѓала на Рејчел Ламберт Мелон (1910 – 2014) – позната и како Бани, американска хортикултурна инженерка, филантроп и колекционерка на уметнички дела, можеби најпозната по нејзиниот проект за ...

Одамна изгубената слика на барокниот сликар Петер Паул Рубенс, која била скриена повеќе од четири векови, денес беше продадена за 2,3 милиони евра на аукција во Версај. Сликата неодамна беше пронајдена во приватна куќа во Париз, а го прикажува распетието на Исус Христос, пренесува „АП“. Препорачано Била дел од една француска колекција и првично се сметало дека потекнува од една од многуте Рубенсови работилници што тогаш постоеле. Делото долго ...