Се подготвува извештајот од страна на македонските власти а формиран е и кризен штаб кој работи на препораките и обврските за заштита на природните и културните вредности на охридскиот регион. Министерот за култура Љутков во февруари очекува позитивна оценка од Унеско вели направено е доста но потребна е комуникација и со албанската страна. Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека не смее да се дозволи преголема урбанизација и ...

– Со дипломатската офанзива што ја имавме минатата година, формиран е и кризен штаб преку Владата, кој работи на препораките. Доста работи се направени, а многу е важна во целиот овој процес и комуникацијата помеѓу македонската и албанската страна. Ние можеме да завршиме голем дел од нашите препораки што ги имаме како Министерство за култура, но доколку не е завршено тоа од другата страна, пак има критика од Комисијата на УНЕСКО. Се надевам ...

Рокот за подготовка на извештајот за состојбата во Охридскиот Регион истекува на 1 февруари, до кога документот, согласно со претходниот договор, треба да биде доставен до УНЕСКО. Тогаш светската организација ќе види колку и што сработиле македонските институции во изминатиот период за заштита на езерото и на регионот. Одлуката да ѝ се даде уште една година шанса на нашата држава да ги спроведе препораките на мониторинг-мисијата за задржување ...