Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во Втората лига, тимот е на врвот во Трета лига – Север и има седум бодови повеќе од второпласираниот БВК Коњаре. „Лисиците“ веќе ги решија сите дилеми, а Димитар Стојановски, кој оваа зима пристигна во тимот на Еуромилк ГЛ од редовите на Пчиња не го криеше своето задоволство од двата постигнати погодоци во претходното коло против Ржаничино, вели дека сигурно одат ...
Кога е во прашање листата на најдобри стрелци во Трета лига – Север, нема ништо ново – убедливи најдобар стрелец е Орхан Мифтар, фудбалерот на Еуромилк ГЛ има постигнато 26 погодоци далеку повеќе од конкурентите. „Лисиците“ веќе сигурно го потврдуваат баражот за втора лига, а нивниот голгетер ја потврдува „златната копачка“. На делба на второто место со по 19 погодоци се фудбалерите Гезим Бакиевски кој настапува за БВК Коњаре и Стефан ...

