Барселона утре ја заокружува оваа календарска година и тоа со тежок меч на гостински терен против Вилјареал. „Жолтата подморница“ е трета на табелата, има шест победи во низа во Примера и ова сосема доволно говори за предизвикот кој ќе го има шпанскиот шампион. Барса пред овој меч доби и една лоша вест, односно истиот ќе го пропушти еден од најважните играчи- Педро Гонзалес попознат како Педри. Тој има одреден проблем со мускулот и клубот не ...
Фудбалерите на Барселона не погрешија на гостувањето на Вилјареал (0:2) и со по еден погодок во двете полувремиња ги потврдија трите бода на денешниот натпревар во рамките на шпанска Ла Лига. Рафиња изнуди пенал и истиот го реализираше во 12. минута, носејќи важна предност за Каталонците во моментите кога Вилјареал се закануваше опасно на спротивната страна, а шампионот доби добра вест и со црвениот картон на Ренато Вејга. Португалскиот ...

