Електричните автомобили наскоро би можеле да поминуваат повеќе од 900 километри со едно полнење, а батериите да станат побезбедни и поевтини. Новите технологии веќе му создаваат сериозна конкуренција на литиумот. Еден од најголемите ривали се натриум-јонските батерии. Натриумот е пораспространет и поевтин од литиумот, а батериите подобро функционираат и при ниски температури. Нивниот недостаток е помалиот досег, поради што најпрво би можеле ...

Новите батерии сè почесто влегуваат во игра, додека пазарот бара поевтини, помоќни и подостапни решенија. Побарувачката за батерии во последните години расте со огромна брзина. Од 2010 година таа е зголемена повеќе од 40 пати, најмногу благодарение на електричните автомобили. Продажбата на EV возила достигна 20 милиони во 2025 година, што претставува околу една четвртина од сите автомобили продадени глобално. Во исто време, батериите сè ...