Kaj 20-те најуспешни берзи во светот оваа година, секој втор индекс е европски. Тоа е постигнување што регионот го има остварено само три пати претходно и претставува доказ за обновената доверба на инвеститорите во Европа, каде што перспективите за раст конечно се подобруваат. Ова дојде како изненадување, бидејќи повеќето стратези предвидуваа скромни добивки, додека американската економија требаше да обезбеди супериорни резултати на Волстрит. ...
Европските берзи тргуваа претпазливо во средата претпладнето, при што индексите стагнираа, бидејќи инвеститорите чекаат вести што би можеле да им дадат на пазарите појасна насока. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,2 проценти во претпладневниот пресек од тргувањето. Во меѓувреме, лондонскиот индекс FTSE падна за 0,10 отсто на 9.695 поени, а парискиот CAC 40 падна за 0,08 отсто на 8.065 поени. Франкфуртскиот DAX порасна ...
Во понеделник претпладнето, првиот работен ден од декември, цените на акциите паднаа на европските берзи, откажувајќи се од дел од добивките од минатата седмица. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,3 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,15 отсто на 9.705 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,64 отсто на 23.685 поени, а парискиот CAC за 0,54 отсто на 8.079 поени. По силниот ...

