Повлекување од јавниот живот со тврдење дека e чист како солза. Поранешниот вицепремиер доцна синоќа ја соопшти одлуката на социјалните мрежи, откако беше ставен на американската „црна листа“ заедно со судијата Енвер Беџети поради вмешаност во значителна корупција. Груби вели дека одлуката е тешка, но неопходна за мир на неговото семејство, но и за да не претставува ничиј политички товар во идното делување. Одлуката за ставање на „црната листа“, ...

Влатко СТОЈАНОВСКИ Поранешниот вицепремиер и близок соработник на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби, одлучи да се повлече од јавниот живот, откако САД го стави на „црна листа“ поради вмешаност во „значителна корупција“, бидејќи, според американскиот Стејт Департмент, заедно со судијата Енвер Беџети, прифаќајки мито се обидувале да го спасат од затвор поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во случајот со масовното прислушување. ...

Артан Груби се повлекува од јавниот живот. Екс-првиот вицепремиер одлуката ја објави на социјалните мрежи два дена откако Стејт департментот го стави на американската „црна листа“ поради вмешаност во значителна корупција. Вели дека нападите кои ги трпел во годините го „натерале да размисли за неговата улога во овој важен момент за земјата и за нејзината иднина“. Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и зачувување на мојот ...