Дваесет и едногодишен жител од општина Лозово е осуден на една година затвор поради семејно насилство врз својата 34-годишна партнерка, која во моментот била бремена. Пресудата ја донесе Основниот суд во Свети Николе, а обвинетиот е прогласен за виновен за телесна повреда и противправно лишување од слобода. Според судот, казната е изречена како единствена за двете кривични дела, а обвинетиот останува во притвор до правосилноста на пресудата, ...

Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе жалба на висината на казната од една година затвор, изречена за 21-годишникот од селото Сарамзалино, осуден за брутално семејно насилство врз својата бремена партнерка. Жалбата се однесува на санкцијата, која Обвинителството ја оценува како несоодветна со тежината на делото, имајќи ги предвид околностите под кои било извршено насилството. Претходно, Основниот суд во Свети Николе донесе ...