Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот и за целосно документирање на настанот. Бугарското Министерство за надворешни работи реагираше овој инцидент го оцени како ...
Објавена е видео снимка од моментот кога е скршено стаклото на вратата од бугарската амбасада во Скопје. Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера го оцени тоа како напад извршен од непознато лице. Министерството за внатрешни работи на Македонија информираше дека офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво. Според ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голелм обем – вели Муцунски. – Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетални одговори ...

