Фијаско доживеаја кошаркарите на Куманово и Чаир во натпревар од Првата македонска лига. Откако ден претходно не можеа да го одиграат натпреварот од 12. коло поради лизгав паркет, салата во Куманово очигледно не е подготвена за спортски натпревари, иако, неодамна, за нејзина реконструкција беа потрошени повеќе од два милиони евра. Имено, за време на загревањето, центарот на домашниот тим, Урош Луковиќ, при обично забивање предизвика паѓање на ...

Во тек е партерно уредување околу објектот на спортската сала во Куманово. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека работите продолжуваат до целосна реконструкција на објектот, кој го нарече „градска убавица“. – Следува поставување на комплетно нов систем за греење и ладење, како и фотоволтаици – најави Димитриевски. Станува збор за проект за кој Општина Куманово аплицираше на вториот владин повик за ...