Град Скопје и Министерство за здравство потпишаа договор за изградба на монтажни гаражи во скопскиот Клинички центар, со цел да се реши деценискиот хаос со паркинг простор и да се обезбеди доволно места за пациенти и посетители до втората половина на наредната година. Во првата фаза ќе се изградат две гаражи, кои ќе обезбедат најмалку 500 нови паркинг места. Доколку се утврди дополнителна потреба, планирана е изградба и на трета гаража. ...

„Цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти во наредниот период, а откако ќе се изградат монтажните паркинзи ќе биде утврден за дополнителните позиции нов правилник, но тоа нема да значи покачување на цените, туку утврдување на односите поврзани со наплатата“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На прес-конференцијата, по потпишувањето на Договорот со Министерството за здравство за изградба на паркинзите во комплексот клиники „Мајка ...