Манчестер јунајтед и Спортинг ги договорија условите за тренерот Рубен Аморим. Португалскиот стратег ќе седне на клупата на „Олд Трафорд“, а тимот од Лисабон ќе инкасира 10 милиони евра обештетување и плус 1 милион за неговиот стручен штаб. Аморим сепак ќе почека на деби во Манчестер, бидејќи двата клуба се договорија тој да остане на клупата на Спортинг за следните три натпревари. Па се очекува 39-годишниот тренер да почне со работа во Јунајтед ...
Aнглискиот гигант Манчестер јунајтед го потврди ангажманот на Рубен Аморим кој пристигнува на тренерската позиција на местото на Ерик Тен Хаг. Кормилото на клубот од „Олд Трафорд“, Аморим ќе го преземе од 11 ноември и ќе дебитира во натпреварот против Ипсвич на 24 ноември. Договорот кој португалскиот стратег ќе го потпише, ќе има важност до јуни 2027 година, но во него ќе има опција и за продолжување на уште една година. Како оштета за Аморим, ...