Арсенал утре му гостува на Спортинг во првиот натпревар од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите. „Топчиите“ не се прославија во изминатиов период и набрзина останаа со празни раце во две конкуренции, прво загубија од Манчестер Сити во директна борба за пехарот во Лига Купот, а минатиов викенд беа шокирани од второлигашот Саутемптон во ФА Купот. Сега следи гостување во Лисабон, пресметка на која навивачите очекуваат соодветен одговор ...

– Менаџерот на Арсенал Микел Артета се соочува со проблеми во пресрет на утрешниот прв дуел од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостински терен против португалскиот тим Спортинг. На прес конференцијата пред дуелот, шпанскиот стручњак изјави дека Букајо Сака и Џуриен Тимбер не допатувале со тимот и дека сè уште не се подготвени, но смета дека ќе бидат подготвени за следниот дуел од Премиер лигата. На листата на повредени сè уште: ...