Вистинска драма се одвивала во прилепско, откако две лица биле затекнати при бесправна сеча на дрва, а ситуацијата ескалирала во напад врз полицаец со моторна пила. Настанот започнал во четвртокот околу пладне во атарот на селото Стровија, општина Долнени, каде што шумската полиција од Прилеп ги затекнала Т.Т. (33) и Џ.Т. (59) од селото Црнилиште како нелегално сечат огревни дрва. Наместо да постапат по наредбите, двајцата станале агресивни. ...

Полицијата приведе две лица од селото Црнилиште, општина Долнени, по сериозен инцидент што се случил при обид за спречување на бесправна сеча во атарот на селото Стровија. Според информациите од МВР, припадници на шумската полиција од Прилеп затекнале двајца мажи, Т.Т. (33) и Џ.Т. (59), како нелегално сечат огревни дрва, по што ситуацијата брзо ескалирала во физички напад. Наместо да се предадат, двајцата дрвокрадци се однесувале крајно ...