Слично како и берзите во Азија и Европа, американските пазари на капитал го отпочнаа денот со позитивен тренд, но сепак се далеку од нивните претходни цени кои ги имаа пред најавата за тарифи од страна на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп. Индексот S&P 500, кој ги опфаќа етаблираните и доходоносни компании, се зголеми за 3,3 проценти. Технолошкиот индекс Nasdaq, во кој преовладуваат компаниите од хај-тек секторот, евидентираше ...
Имаме десет недели на владеење на американската администрација и носење на унилатерални одлики на Доналд Трамп кои видовме дека дефинитивно ја размрдаа глобалната економија и со тоа се замени концептот на моќ со концептот на страв. Сепак, Америка треба да се насочи внатре првично да се реформира економски, политички и секако поинаку за да може да се наметне како некогаш во времето таа да биде на првото место во светот. Од друга страна ...
Европската унија одобри воведување контрамерки во форма на царини за околу 22 милијарди евра американски производи како што се соја, мотоцикли и сок од портокал. За ова гласаа 27 земји-членки, сите освен Унгарија, соопшти Европската комисија. „ЕУ ги смета американските тарифи за неоправдани и штетни, предизвикувајќи економска штета на двете страни, како и на глобалната економија. ЕУ јасно стави до знаење дека претпочита преговори со САД кои би ...