Екипата на Доброшти за пролетниот дел од Трета фудбалска лига – Запад ќе биде посилна со талентираниот Сутки Муслија. Се работи за 20-годишен крилен фудбалер кој треба да биде вистинско освежување во редовите до Доброшти. Муслија пристигна од редовите на Влазерими од Кичево, претходно беше дел од младинските категории на Ренова, а потекнува од тетовскиот клуб Дарданет каде ги направи првите фудбалски чекори. Претходно, клубот се засили со ...
Третолигашот Пчиња го промовираше Божидар Митревски како најново засилување, кое во клубот пристигнува од редовите на второлигашот Слога Виница. 25-годишниот Митревски е дефанзивен играч од средниот ред, кој во досегашната кариера настапуваше за Детонит Плачковица од Радовиш, Скопје, Силекс, Тетекс, Вардар и Работнички. Своето интернационално искуство го стекна настапувајќи за словенечкиот клуб НК Рогашка, како и за бугарскиот Литекс Ловеч. ...

