Во годината кога боречкиот клуб„ Борец“ бележи 60 години постоење, активностите се зголемуваат. Поминато годишните и на почетокот на годинава минимални активности заради пандемијата сега веќе редовно се тренира и настапува на државните првенства и турнири. Најголеми се успесите во пионерска конкуренција на држаните првенства каде се освоени две први и неколку втори и трети места. Двајца борачи се земени во составот на државната репрезентација ...

Заслужено, на крајот на минатата година,спортскиот ветеран Ангел Мицев Скакар го доби посебното Признание за „60 години учество во борење“. Овој велешанец, е роден и живее на „Којник“, еден од најпознатите делови на Велес. Таму, горе, на ридот во градот познат како „Којник“ ги мине младешките денови кога кај него започнува да тлее љубовта кон овој вид на спорт. Младото момче го покажа својот талент во Железничарскиот боречки клуб „Борец“ и ...