Европската унија и Обединетите нации објавија дека во Босна и Херцеговина ќе биде лансирана нова програма во рамките на Инструментот на ЕУ за претпристапна помош, фокусирана на родовата еднаквост и социјалната поддршка за подобрување на превенцијата и одговорот на родово базираното насилство, објави босанското издание на регионалниот телевизиски канал N1. Програмата е во вредност од осум милиони евра и ќе биде презентирана на тридневен ...
Градот Скопје обезбедува сопствен стан кој ќе служи како шелтер центар за заштита на жртвите на семејно и родово базирано насилство. На денешната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука за користење на станот како безбеден, привремен дом за лица кои се жртви на насилство. Во новиот центар, жртвите ќе добијат итен смештај, стручна поддршка, советување и целосна грижа до стабилизација на ситуацијата и изнаоѓање трајно решение. „Ова ...
Градот Скопје ќе обезбеди сопствен стан како шелтер центар за жртвите на родово и семејно базирано насилство, соопшти денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Одлуката за доделување право на користење на станот беше донесена на денешната седница на Советот на градот Скопје. Во новиот шелтер центар, жртвите ќе добијат итен смештај, стручна поддршка, советување и помош до стабилизација на ситуацијата и пронаоѓање трајно решение. „Ова е конкретен ...

