Денеска почнува разврската за шампионската титула, но и за опстанокот во македонската ракометна елита. Вардар против Алкалоид е првото дерби во битката за шампионскиот наслов сезонава. Двата тима го почнуваат плеј-офот со по два бода, бидејќи по регуларниот дел од сезоната завршија на второто, односно третото место на табелата зад шампионот Еурофарм Пелистер, кој ја има пол-позицијата со три бодови. Секој натпревар помеѓу трите фаворити за ...

Вардар го пречекува Алкалоид во дербито на првото коло во суперлигашкиот дел од ракометната лига на Македонија. Двата тима се во одлична форма, но гостите од Автокоманта може да се и поизморени затоа што Алкалоид има жестоко темпо со мечевите во ЕХФ Европската лига, каде се избори за место во полуфиналето. Со по два бода стартуваат и Вардар и Алкалоид во овој решавачки систем во трката за титулата. Сезонава овие две екипи се сретнаа два пати и ...