Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја и за првпат обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон. Противникот во првото коло ќе биде познат денеска во 11 часот. Тетовчанката успешно го мина и третото квалификациско коло, откако во Лондон убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за само еден час и 15 минути игра. Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која се пласирала во ...
„Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историја, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот. Не е лесно да си од мала држава, поради целата логистика, условите за тренинг и финансискиот дел. Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби ...

