Помеѓу Лука Модриќ и Милан се разви посебна врска. Хрватскиот играч од средниот ред никогаш не криел дека се чувствувал одлично во Милан уште од самиот почеток, а ова чувство со текот на времето само се засилувало. Иако Задар секогаш ќе биде негов дом, а Мадрид градот каде што поминал тринаесет славни години, Модриќ во главниот град на Ломбардија пронајде нова средина која го прифати, додека навивачите го опсипуваат со внимание секој ден. ...

Лука Модриќ и на 40 години ја воодушевува фудбалската јавност со феноменалнит е настапи во дресот на Милан, но ветеранот се уште е во дилема дали да ја активира и втората година од договорот што го има со „росонерите“. Долгогодишниот репрезентативен колега на Модриќ, „пензионерот“ Иван Ракитиќ обелодени дека Лука сериозно ја разгледува опцијата да продолжи да игра уште една година. „Ми беше многу мило што видов дека е толку среќен во Милан. ...