Џејлен Брансон со лидерска партија ги предводеше Њујорк Никс до важна победа во Филаделфија, Чикаго Булс славеа со тројка со звукот на сирената на вечер посветена на Дерик Роуз, додека Лос Анџелес Лејкерс режираа спектакуларен камбек против Далас Маверикс. Никс – 76ерс 112:109 Џејлен Брансон постигна 31 поен, а ОЏи Ануноби додаде 23, со што Њујорк Никс издржаа во драматичен финиш и славеа на гостувањето кај Филаделфија 76ерс. По убедливата ...
Шарлот Хорнетс – Филаделфија 76ерс (130:93) Шарлот одигра брутален натпревар и по вторпат во месецот стигна до водство од 50 поени, декласирајќи ја Филаделфија. Брендон Милер блескаше со 30 поени, а дури осум играчи на Хорнетс имаа двоцифрен учинок. По израмнетата прва четвртина, следуваше целосен распад на гостите со 81:37 во следните две четвртини. Тајрис Макси беше задржан на само шест поени, што е негов најслаб учинок сезонава. Атланта ...

