Капибарата Капи е новиот кандидат за маскота на Евровизија 2027, која следниот мај ќе се одржи во Бургас. Предлогот доаѓа од Зоолошката градина во Бургас, каде што сметаат дека едно од најпопуларните животни на социјалните мрежи би можело да стане препознатлив симбол на музичкиот спектакл. Иако капибарата нема никаква природна врска со бугарското Црноморие, од зоолошката градина велат дека токму нејзината глобална популарност е предност. ...
Подготовките на Бургас за домаќин на Евровизија 2027 влегоа во оперативна фаза, а бугарската Влада годинава ќе обезбеди околу 20 милиони евра за организацијата на натпреварот, јавува БГНЕС. Од вкупната сума, 15 милиони евра се наменети за потребната гаранција, а остатокот за инфраструктура, транспорт, сместување, логистика, техника и туристичка промоција. Дополнителни средства ќе бидат предвидени во буџетот за 2027 година. Ова беше соопштено ...

