Почина истакнатиот хрватски филмски продуцент Игор А. Нола, кој остави длабока трага во македонската и меѓународната кинематографија, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија. Во текот на својата четиридецениска кариера, Нола работел на повеќе од 60 филмски и телевизиски проекти, а од 1994 до 1998 година беше директор на продукција во „Вардар филм“ во Скопје, давајќи значаен придонес за македонските остварувања „Џипси меџик“, ...

Со голема тага ја примивме веста за смртта на Игор А. Нола, истакнат хрватски филмски продуцент, наш колега и пријател. Во својата богата, четиридецениска меѓународна кариера, Нола работеше на повеќе од 60 филмски и телевизиски остварувања. Значаен дел од својот професионален живот помина во Скопје, каде што од 1994 до 1998 година беше директор на продукција во „Вардар филм“. Остави значајна трага во македонската кинематографија, работејќи ...