Неизвесно е дали Сејф сити системот ќе профункционира од први февруари. За измените на законот за прекршоци е потребно 2/3 мнозинство во парламентот а доколку не се обезбеди нема да се воведе системот. Ова за Сител го потврди и министерот за внатрешни работи, без да појасни дали имаат алтернативно решение. Владејачкото мнозинство засега ја нема поддршката од пратеничката група на ДУИ. Координаторката Рина Хајдари за сител вели измените на ...

По лидерската средба во Клубот за пратеници, во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски речедека приоритет во моментот е да се обезбеди законско решение кое ќе овозможи почеток на проектот „Safe City“ (Безбеден град). „Ова што за мене претставува моментално акутно и за кое треба во најскоро време да се најде решение, мислам дека денес на состанокот успеавме да најдеме компромис, тоа е Законот за прекршоците, за да може ‘Safe City’ или ...