По 38 дена, најдолгата финансиска блокада во историјата на САД, дојде до извесно движење во политички заглавената ситуација. „Ајде да најдеме начин што ќе ги земе предвид обете позиции“, изјави лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, во петокот. „Ние, Демократите, сакаме крај на ’шатдаунот’“. Неговата партија сака да ја почитува желбата на Републиканците во Сенатот да не преговараат за програмата за здравствена заштита Обамакер пред ...

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на парализата на буџетот што блокираше дел од јавните услуги рекордни 40 дена, јавија неколку медиуми. Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, јавија Си-Ен-Ен и Фокс Њуз. Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде проследен до Претставничкиот дом. ...