„Силви бенд” ќе одржи концерт на 24 јули од 20 часот на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Публиката ќе има можност да ги слушне нивните најпознати песни, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“ и „1762 лето“. „Подготвивме програма во која преку секоја песна ќе ја споделиме нашата енергија и љубов со публика од сите генерации. Охрид има посебна магија, а концертот на Долни Сарај ќе биде вистинска летна бајка и ноќ што долго ќе се памети“, ...

Еден од најпрепознатливите македонски семејни музички состави, „Силви бенд“, на 24 јули (петок) ќе одржи концерт на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Настапот започнува во 20 часот, а публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, добро познати рефрени и атмосфера каква што може да понуди само охридското лето. Во концертната програма ќе бидат изведени најголемите хитови на дуото, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“, ...