Владимир Перев Во времето на моето учеништво и младост, никој од нас, обичните луѓе немаше чуено ништо за Крсте Петков Мисирков. Беше апсолутно непознато име, непознат лик и дејност кои не се учеа во нашите училишта. Не се учеше ниту на Филозофско-филолошкиот факултет, барем колку што ми е мене познато. Темата за Мисирков прв ја отвори филологот и фолклорист Блаже Ристовски, прво низ печатот за потоа да издаде обемна, солидно подготвена книга ...

Во статијата тој подвлекува дека бугарската политика се води од принципот на националностите. Разгледувајќи ја состојбата на Балканот пред склучувањето на Берлинскиот договор, Мисирков изрично истакнува дека бугарскиот јазик се зборувал не само во Македонија, туку и во јужна и источна Србија (односно во областите Ниш, Лесковац, Заечар и др. — заб. наша). Тој потврдува како Србите дејствувале со итроштина, оти на почетокот го прогласувале ...