Според украинското воено разузнавање (HUR), Северна Кореја привремено ја запрела воената помош за Русија поради несогласување во врска со ставот на Русија кон Јужна Кореја. Пјонгјанг стана клучен сојузник на Москва во војната против Украина, снабдувајќи ја со балистички ракети и артилериска муниција. Според украински и западни извори, Северна Кореја испратила и околу 14.000 војници во рускиот регион Курск, а истите извори тврдат дека повеќе ...
Односите меѓу Москва и Пјонгјанг, кои значително се зацврстија во текот на војната во Украина, наводно се соочуваат со сериозни несогласувања. Според украинската воена разузнавачка служба, Северна Кореја привремено ја прекинала воената помош за Русија поради изјавите на руски дипломат за можноста Москва да посредува во намалувањето на тензиите на Корејскиот Полуостров. Непосреден повод биле изјавите на рускиот заменик-министер за надворешни ...

