Второлигашот Тетекс одигра меѓународен пријателски натпревар против Шари од Косово кој го доби со убедливи 6:1. На АМС Спортскиот центар во Тетово популарните „штофари“ одиграа фантастичен меч и забележаа голема победа. Славчо Мисајловски постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Хисар АЛи, Лука Гавроски, Едис Бајрами и Рихан Зеќири. Веќе утре Тетекс ќе одигра нов пријателски меч против прволигашот Арсими, а мечот ќе ...
Второлигашот Осогово забележа висока победа на пријателскиот натпревар против третолигашот Аеродром кој го доби со убедливи 0:5. Шефот на стручниот штаб на „жетварите“ од Кочани, Крсте Крстев имаше втора можност по таа со Детонит Плачковица (0:0) за проверка на формата на неговиот тим. Стрелци на погодоците за тимот од Кочани беа Христијан Поп Антоски, Драган Паунов, новото засилување Филип Димоски, а два погодоци постигна Михаил Николов. ...
Второлигашот Детонит Плачковица одигра пријателски контролен натпревар против третолигашот Победа Валандово и оствари убедлива победа со 6:1. Натпреварот се одигра на Градскиот стадион во Валандово и послужи како уште една проверка на формата за двата тима во подготвителниот период, со што Детонит Плачковица ја потврди добрата офанзивна форма. Инаку, Победа Валандово, која е непоразен лидер во Третата лига – Исток, претходно на истото место ...

