Пилотот на мисијата Виктор Гловер опиша колку е тешко да се гледа Месечината за време на прелетувањето. Екипажот на „Артемис II“ ги затемни светлата во кабината на вселенското летало „Орион“, а астронаутите наизменично ја набљудуваа површината на Месечината. Гловер рече дека е „многу тешко за очите“ да се гледа низ прозорецот, каде што Месечината е екстремно светла, а потоа да се врати во темнината на кабината. „Вистински напор е“, рече тој. ...
Екипажот – американските астронаути Виктор Гловер, Кристина Кох и Рид Вајзман, и канадскиот астронаут Џереми Хансен – во моментов се првите луѓе кои по повеќе од 50 години патуваат на Месечината. За Гловер, Кох и Вајзман ова е втор вселенски лет, додека за Хансен е прв. Кох е првата жена на лунарните мисии на НАСА, Гловер првиот Афроамериканец, а Хансен првиот Канаѓанец. Тие полетаа во среда навечер во капсула „Орајон“ на ракетата „Спејс лонч ...

