Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) попладнево информираше дека е активиран прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Кичево и Струмица. Поради енормно високите концентрации на канцерогените ПМ10 честички два дена по ред, стапуваат на сила вонредни мерки и препораки за заштита на здравјето. Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем, опасната граница од 150 mg/m3 била надмината во текот на два ...
Скопје утрово е под густа магла и екстремно загаден воздух. Министерството за животна средина информира дека прагот на алармирање за честичките PM10 е надминат два дена по ред на сите мерни точки во главниот град: Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Најкритично е во Лисиче, каде вчера беа измерени рекордни 266 mg/m3, што е речиси двојно над прагот на алармирање. Согласно настанатата состојба за мерните места во Скопје – Центар, Гази ...

