За вчерашниот упад во редакцијата на „Инфомакс“ додека се емитуваше поткастот „Тешки муабети“, лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека е најголемиот медиумски инцидент после упадот во „А1 Телевизија“ во 2010 година. Филипче на прес-конференција информира дека напаѓачот е член на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ потенцира дека слободата на граѓаните е загрозена и рече дека „нема да чекаат да почне да испраќаат тепачи по домовите по ...
-Синоќа се случи инцидент. Повиците за насилство, претставници и симпатизери на власта резултираа со најголемиот медиумски инцидент после упадот во А1 телевизија во 2010 година, со физички напад во живо врз новинарите на Инфомакс, додека траеше програмата. Според информациите што ги добивме, напаѓачот е член на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на власта и на моќта синоќа ја видовме на дело, рече претседателот на СДСМ, Венко ...

