Општина Струмица ќе ја проширува локалната мрежа за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух со шест нови мерни станици. Јавниот оглас за нивната набавка веќе е распишан, а според спецификацијата, три од станиците ќе бидат самонапојувачки и ќе мерат ПМ 2,5 честички на отворено, додека останатите три, со електрично напојување, ќе мерат ПМ 2,5, ПМ 10, испарливи органски соединенија, температура, влажност и атмосферски притисок и на ...
Градежната инспекција при Општина Струмица спроведе акција за отстранување на бесправно изградени објекти во непосредна близина на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, соопштија од локалната самоуправа. Се додава дека парцелата е во сопственост на државата и притоа со решителна и транспарентна постапка биле отстранети сите објекти изградени спротивно на законските прописи. Од Општината наведуваат дека оваа акција е јасна порака дека јавниот интерес и ...

