Вардар загуби со 0:2 од Шкендија во дербито одиграно на Националната арена „Тодор Проески“, а по последниот судиски свиреж дојде до инцидент меѓу фудбалерите на двата тима. На теренот избувна турканица и вербална расправија, по што дел од играчите влегоа во меѓусебен конфликт. Соиграчите, членовите на стручните штабови и службените лица брзо реагираа и успеаја да ги раздвојат, спречувајќи поголема ескалација. Така, дербито заврши во тензична ...
Шкендија го доби првото сезонско дерби против Вардар и успеа да слави во домот на македонскиот шампион, кој денеска изгледаше навистина лошо и непрепознатливо во второто полувреме. Тренерот Кристијан Фабијани ќе мора да промени многу работи ако сака да си ја задржи својата задача како шеф на стручниот штаб, а тоа може да се заклучи и од нервозата на неколку фудбалери на Вардар по последниот судиски свиреж. Играчите на Шкендија беа далеку ...
Фудбалерите на Вардар и на Шкендија влегоа во конфликт веднаш по последниот судиски свиреж на дербито во Скопје. На теренот прво избувнаа турканица и вербална расправија, по што дел од играчите се степаа. Соиграчите, членовите на стручните штабови и службените лица веднаш реагираа. Тие ги раздвојуваа фудбалерите и спречија поголема ескалација. Инцидентот дојде по победата на Шкендија од 2:0 на Националната арена „Тодор Проески“. Прво Тамба го ...

