На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар. Целиот професионален век Контевски го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник. Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот преку уредување на специјални прилози од областа на спортот и на ...

Со длабока тага и почит, се простуваме од Гоце Контевски (77), долгогодишен новинар и еден од бардовите на македонското новинарство. Конте, како што го викавме ние, неговите колеги, сиот свој професионален век му го посвети на весникот ВЕЧЕР, каде што ги помина сите скалила во новинарската кариера – приправник, помлад соработник, уредник, а подоцна беше и заменик на главниот уредник и в. д. главен уредник. Притоа остави неизбришлива трага со ...