Наградата „Роксан Стојанов“ е создадена со јасна мисија – да им даде поддршка на младите танцови уметници во моментот кога таа поддршка може да биде пресудна за нивниот понатамошен професионален пат. Заминувањето на Виола во Париз е потврда дека оваа награда не е само признание туку вистинска можност за учење, искуство, инспирација и за отворање нови врати, порачуваат организаторите Победничката на првото издание на националната награда ...

Амбасадорот на Македонија во Франција, Игор Николов, оствари средба со Виола Имери, добитничка на првото издание на наградата „Роксан Стојанов“, која, заедно со својата професорка Дафина Данилоска Кочевска, го завршува својот едукативен престој во Париз. За време на престојот, Виола имаше можност да соработува со светски познатата балерина од македонско потекло Роксан Стојанов, да посетува часови по класичен и современ танц во Балетската ...