ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ дека во нивното раководство има луѓе за кои има судски пресуди. Од партијата го споменуваат името на Филип Андов-Сокол. „Актуелен член на Извршниот одбор на СДС, Филип Андов – Сокол е осуден на затворска казна. СДС не се огради, туку и го награди да биде член на ИО. СДС е партија во која цути криминалот и корупцијата. Корупциските скандали на екс владата на СДС и ДУИ, почнаа уште со формирањето на истата, ...
ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ обвини дека опозициската партија, наместо да се бори против криминалот и корупцијата, „ги толерира, прикрива и штити“. Во партиското соопштение се наведува дека присуството на лица со судски пресуди во, како што тврдат, највисоките партиски структури на СДСМ отвора сериозни прашања за нивните вредности и критериуми. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, наместо јасно дистанцирање, СДСМ молчи за случаи ...

