Владата проверува дали одредени компании купуваат поевтин бензин и дизел во Македонија, а потоа го продаваат во соседните земји. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека добиле информација, која сега ја проверуваат, дека одредени компании кои добиваат од ОКТА бензин и дизел со попуст, ги реекспортираат во соседните земји. Според него нема потреба од вакво шпекулативно однесување, бидејќи државата не ги затворила ...
Владата има индиции за најмалку една фирма од нафтениот бизнис која извезувала евтини деривати. Проверката на индициите е во тек и ќе бидат преземени мерки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека проверката од страна на Државниот инспекторат е покрената на основа на информации добиени од лица од бизнисот. – Проверките се почнати на основа на информации добиени од лица кои се во тој бизнис. Наше е да ги провериме тие ...
Се зголемија цените на горивата. Бензините за 2,5 денари за литар, дизелот за два. Со ова, од полноќ цената на бензинот БС – 95 ќе биде 85 денари за литар, 98 – цата ќе чини 87 денари, а литар дизел 93,5 денари. Но, на бензинските, поради попустот на ОКТА, бензините ќе се продаваат за два денари помалку, а дизелот за три денара. Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека не се планирани нови мерки за намалување на цените на горивата и на сила ...

