Факт е дека урбанизацијата на Скопје и зголемениот број жители го наметнаа проблемот со водоснабдувањето. Жителите во повисоките зони во градот, особено во летниот период, се жалат за намелен притисок на вода, а често пати и на прекини во водоснабдувањето. Воедно, во летниот период, сведоци сме на соопштенија од ЈП „Водовод и канализација“ дека е зголемена потрошувачката на вода. Од претпријатието, сепак, уверуваат дека не треба да се грижат ...

Потрошувачката на вода во земјава бележи значителен раст, при што просечно секој жител годинава троши дури 598 литри вода дневно – бројка која е за 49 литри повисока во споредба со пред десет години и за 63 литри повеќе отколку пред две децении. Овие податоци укажуваат на јасен тренд на зголемување на употребата на водните ресурси, што отвора сериозни прашања за одржливоста и рационалното користење на водата. Зголемената потрошувачка се ...