Израелската војска соопшти дека телото предадено од Газа е идентификувано како телото на израелско-аргентинскиот државјанин Лиор Рудаеф. 61-годишниот Рудаеф беше убиен додека се обидуваше да го брани кибуцот Нир Јицхак за време на нападот на Хамас на јужен Израел на 7 октомври 2023 година, а телото му беше однесено во Газа од вооружената група Палестински исламски џихад. Според првиот дел од примирјето постигнато на 10 октомври, Хамас ги вратил ...

Израелската владa денеска соопшти дека турски војници нема да бидат дел од меѓународните сили кои би требало да ја преземат контролата над Газа од израелската војска. „На терен нема да има турски војници“, изјави Шош Бедросиан, портпаролка на израелската влада, одговарајќи на прашање за можното турско воено присуство. Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на двегодишниот конфликт во палестинската енклава предвидува ...