Со положување цвеќе пред бистата-споменик на Васил Левски во Благоевград ќе бидат одбележани 189 години од раѓањето на Апостолот на слободата, јавува Пиринско. Церемонијата, во знак на благодарност за животот и делото на Левски, ќе се одржи на 18 јули (сабота), во 10:00 часот, на истоимениот плоштад во областниот центар. Еден ден претходно, на 17 јули, ученици ќе се вклучат во традиционалната иницијатива во спомен на Васил Иванов Кунчев ...
Историската меморија и зачувувањето на делото на Васил Левски како основа на националниот идентитет беа меѓу главните акценти во говорот на министерот за култура на Бугарија Евтим Милошев за време на свеченото одбележување на 189-годишнината од раѓањето на Апостолот на слободата, што се одржа во Националниот историски музеј во Софија, јавува БТА. Министерот посочи дека делото на Васил Левски далеку ги надминува рамките на ...
Во музејот на градот Разлог во Бугарија се одржа едукативна програма посветена на Васил Левски, во пресрет на 189-та годишнина од неговото раѓање, која се одбележува на 18 јули, јавува Пиринско. Специјална гостинка во музејот беше д-р Елена Чалг’нова, кустос во Регионалниот историски музеј во Благоевград. Таа им разкажа на присутните ученици за семејството на Левски, имињата под кои бил познат и за помалку познати факти од неговиот живот, ...
Сто осумдесет и деветтата годишнина од раѓањето на Апостолот на слободата, Васил Левски, се одбележува на 17 и 18 јули 2026 година со воени ритуали и свечености низ цела Бугарија. Главната прослава е на 18 јули во родниот град на Левски, Карлово, кој истиот ден го одбележува и својот празник. Во 20 часот на плоштадот „Васил Левски“ ќе се одржи свечен собир со почесна стрелба, со учество на 61. Стрјамска механизирана бригада и воен оркестар. ...

