Одбраната го прашуваше сведокот и во однос на легитимирањето малолетници, при што повтори дека малолетниците не се безбедносна закана, но ако е јасно означено дека нивното присуство е забрането во објектот, обезбедувањето треба да реагира Доколку во објект каде што се одржува настан е забрането присуство на лица под 18 години и тоа е истакнато на табли, обезбедувањето е должно да реагира и за тоа да го извести сопственикот на објектот, ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Македонија за приватно обезбедување, како стручен сведок на Основното јавно обвинителство. Таа во своето сведочење се осврна на тоа дека обезбедувањето на т.н. дискотека требало да реагира на присуството на малолетници, чие присуство беше потврдено и кобната ноќ, во бројни претходни сведочења, но и во многу ...

