Откочена е постапката за избор на судии во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Тројца од 11-те кандидати се сè поблиску до избор, откако Антикорупциска одлучи да не постапува и да ги затвори предметите по претставките. Немало судир на интерес во сите три случаи, но во предметот за претседателот на комисијата за избор, односно претседателот на Уставниот суд, му препорача да се изземе во конечниот избор. Иако барал и не добил од останатите ...

Претседателот на Уставниот суд како член и претседател на Комисијата, Дарко Костадиновски, потоа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска-Стрезоски, но и претседателот на Граѓанскиот суд Бесник Авдија, ќе треба да се изземат при гласањето на Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, но само за некои од кандидатите, е препораката на Државната комисија за ...

Со изземањето на службеното лице ќе се избегне било какво влијание директно или индиректно врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во согласност со принципите на транспарентност, еднаков третман и јавен интерес. Вака одлучија на денешната 25. седница членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по пристигнатата пријава ...