Лидерите на ЕУ ја одложија одлуката за користење на замрзнатите средства на Русија за финансирање на одбраната на Украина, и покрај апелот од Володимир Зеленски да се преземат брзи мерки и да се натера Москва да плати за својата војна. Надежите за договор за нов начин на финансирање на воените напори на Украина пропаднаа по противењето на Белгија, која ги чува повеќето средства на руската централна банка, во институцијата Euroclear со седиште во ...
Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина, рече попладнево францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку видеоврска од Париз се вклучи на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што се одржува во Лондон. – Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина, капацитетите за воздушна одбрана, капацитетите за удар со долг дострел, беспилотните летала и системите против беспилотните летала – рече Макрон. ...

