Маршот почна на пладне на плоштадот „Македонија“, од каде што продолжи кон Собранието, а потоа учесниците се упатија пред Основниот кривичен суд Скопје. Пред македонското Собрание се обрати Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК. „Не бараме сожалување и сочувство, бараме правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која ние ја преживеавме“, рече таа. Никој, истакна Ѓорѓиеска, не е ...
„Нашите деца веќе немаат глас и затоа ние ќе зборуваме за нив“, порачаа родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска (15 ноември) во Скопје. Семејствата кои секоја сабота маршираат во Кочани, денешниот, триесетти по ред „Марш за ангелите“ го организираа во главниот град каде имаше и триминутен молк во чест на сите чии животи згаснаа во пожарот на 16-ти март. Протестот под слоганот „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара ...
Со паролите „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, и „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите„ неколку илјади граѓани го започнаа „Маршот за ангелите“ точно во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде учесниците се упатија кон Собранието, а завршницата ќе биде пред Основниот кривичен суд. „Ни требаат луѓе кои што знаат да се сплотат со нас во оваа ...

