Останувам на мојот став дека не му е место на институтот Бадентер во одлуките на Уставниот суд, затоа што ако се воведе тој механизам со етнички теми тогаш подобро е судот да се затвори. Ова го истакна претседателот на судот Дарко Костадиновски и покрај постојаните барања на албанските партии за воведување на двојно одлучување во Уставниот суд за теми кои се со етнички прашања. -Јас мојот став го имам кажано. Таков механизам е соодветен за ...
ДУИ бара одговорност од Претседателот на Уставниот суд и воведување на бадентер при гласање за прашања кои ги засегаат етничките заедници. Му замеруваат дека Законот за јазиците го квалификувал како извор на правен и политички хаос, бил судија известител кога Уставен го укина балансерот, имал став дека Сејф сити не треба да испраќа пораки на албански, а натписот во салата на Уставниот суд бил само на македонски. Бараат јавно да ги објаснел ...

