Кинотеката на Северна Македонија ќе одбележи важни јубилеи во домашната кинематографија во својата програма за следниот месец. Таа ќе потсети на неколку домашни играни и документарни остварувања кои оваа година бележат јубилеи од своите премиери, почнувајќи од 30 години на „Пред дождот“ (фото) на Милчо Манчевски. „Пред половина век Столе Попов го сними ‘Оган‘, а пред 45 години и ‘Дае’, кој беше југословенски кандидат за Оскар во категоријата на ...

Македонска кинотека секогаш е актуелна. Одбележува, слави, потсетува навреме за сето она што треба да остане во колективната меморија како достигнување на филмската уметност. Не е важно дали станува збор за филм како целина, за режисер, за сценарист, за артисти, за сниматели односно за секој што учествувал во креирањето на творбата, популарно наречена сликите што се движат. Така ќе биде и овој октомври. Кинотека ќе прикаже филмови со Ален Делон, ...